Skip Navigation Links
Skip Navigation LinksДома > Продукти > АрхИС

АРХИС
архис
интегриран систем за архивско работење

АРХИС е современо решение за трансформација на старата добра архива во електронска. Примарната цел на АРХИС е воспоставување на електронска збирка на сите архивски документи на организацијата - класификација, типизација и идентификација, како на документите така и на предметите (колекција на документите). Секој документ/предмет е опишан со одредени атрибути и клучни зборови кои се користат за пребарување. Со секој документ е прикачена и неговата електронска везија, зачувана во вид на фајл на безбедна локација.

Предности од користење на електронската архива се директна заштеда во време на работа, смалени трошкови, зголемување на ефикасноста на работа и сето тоа да се квантифицира низ одредени показатели на успешна деловност. Некои предности неможат директно да се мерат, но повеќе од сигурно е дека тие значително допринесуваат кон поквалитетни информации, подигање на организационите способности на претпријатието, зголемени конкуретните предности, подигање на нивото на задоволство на деловните партнери и вработените и воопшто подигање на општиот имиџ на претпријатието.

Клучни придобивки

  • поголем пристап до документација
  • поголема прегледност на работата
  • подобра поделба на работата – поголема реализација во работата
  • имплементација на деловните правила, нивно спроведување низ деловните процеси и надзор низ формализирани документациони текови
  •  транспарентно следење на документацијата
  • централизација на архивата
  • олеснета работа со странки и донесување на одлука
  • намалени долготрајни процеси на средување на хартиена документација, измена на системот и дополнување, чување и пребарување – заштеда во време на работа
  • намалена количина на хартиени документи во обработка
  • намален потребниот простор за архива и чување на хартиени документи
  • намалени трошоци за копирање и одржување на копирните апарати

Софтверот ги опфаќа следниве деловни процеси:

модул за евиденција на документи Евиденција на документите доставени и издадени од архивата ( во обичен и посебен деловодник) со податоци за реден број/подброј, дата, предмет, ниво на тајност, архивски знак, содржина, атрибути и клучни зборови, податоци за испраќачот, податоци за развод на документот (пратен до, одговор, содржина)

модул за автоматско мапирање на електронски документи Автоматско лоцирање на електронска верзија на документите
модул за пребарување Архивска книга, пребарување по различни параметри како датум, архивски знак, степен на тајност, атрибути и клучни зборови, испраќачи и.т.н

модул за генерирање извештаи Извештаи по различни основи и барања на корисникот