Skip Navigation Links
Skip Navigation LinksДома > Решенија > Услужни дејности

ФИМАКС
ФИМАКС
решение за услужни дејности

Наједноставна примена на ФИМАКС е решението наменета за мали компании кои се занимаваат со услужни дејности. Долги години работиме со клиенти кои се од услужната дејност. Без оглед дали давате ИТ услуги, адвокатски услуги, услуги од областа на медицината, книговодството, архитетура или проектантство нашето искуство вградено во ова решение ви стои на располагање. А резултатите ќе ги видите многу брзо. Со евиденцијата на своите клиенти и услуги на едно место, анализа на извршените услуги и направените трошоци, ќе имате многу ефикасен преглед на профитабилноста на вашето работење. Ако кон тоа се додаде и интеграција со вашите финансии сликата за секој ваш клиент ќе би биде комплетна.

Решението е со поедноставени функции, за да биде максимално кориснички ориентирано, а резултатите да не бидат минимизирани.
деловни процеси

Управување со клиентите
  • евиденција на клиентите, дефинирање на услугите, дополнителна калкулација на цената на чинење на услугите, фактурирање на извршените услуги, евиденција на извршената наплата, автоматска или рачна распределба на наплатата, анализа на профитабилноста на услугите, анализа на финансиската состојба со клиентите, извештај за ДДВ