|
ФИМАКСМЕД
решение за здравствени установи |
|
ФИМАКСМЕД е решение за деловното работење на здравствени установи. Поради својата скалабилност и флексибилност може со одредени прилагодувања да се имплементира во здравствени установи со различен профил на работа. И не само тоа, неговата отворена архитектура ни овозможува де го поврземе со други наши комплементарни решенија како ЛАБИС или со екстерни апликации како на пример од рентгенолошката сфера.
Во фокусот на решението се примарната и секундарната здравствена заштита, медицинската статистика и интеграцијата со здравствениот систем на Република Македонија. |
деловни процеси |
медицинско здравствена заштита |
Примарна и секундарна здравствена заштита
која опфаќа обработка на медицински и финансиски податоци на пациентот
(демографски и лични медицински податоци, регистар на лекари, шифрарник на пакети, услуги, фази, работни единици (клиники), општини, фирми, основ на осигурување, основ на ослободување) податоци за третман на лекување на пациентот (лични медицински податоци, анамнеза, дијагнози, терапија, контрола, упати, резултати, податоци за препишани помагала.. )
|
материјално / финансиско работење |
Магацинско работење (прием, преносници, задолжувања, нормативи), Финасово книговодство (водење повеќе сметки, место на трошок, финансова оператива, ликвидатура, трезорско работење, автоматски книжења, извештаи), Пресметка на плата (плата по учинок, автоматско водење кредити, рекапитулар за плата, исплатни листи, лични картони, извештаи од плата, електронски МПИН),
Основни средства ( евиденција, пресметка на амортизација и револаризација, статуси на основни средства, пописи, работа со баркод),
Ситен инвентар ( евиденција, задолжување/раздолжување, распределба, картици, лагер)
|
медицинска статистика |
Електронски Картон за пациент
Извештај за извршени услуги по лекари, по клиники, по дијагноза, по број на прегледи за период и на месечно ниво
Извештаи за плаќање по учинок
Збирни извештаи
Апликација овозможува добивање на збирни извештаи и тоа за сите општини, сите клиники или сите лекари за зададен временски период, со податоци за број на направени сметки, број на извршени услуги и денарска вредност на услугите и наплатена партиципација.
Прегледи
Преглед по лекари и по клиники: Може да се добијат поединечни извештаи за секој лекар и тоа за зададен временски период, сумарен или аналитички извештај со податоци за клиниката во која е направена сметката, број на сметки кои се направени, кои услуги се извршени, број на услуги, кои дијагнози се дадени, колку дијагнози.
|
интеграција со информацискиот систем на фзом и министерство за здравство |
Овие модули се пред се наменети за размена на податоци со базите на податоци на Фондот за здравство на РМ и Министерството за здравство на РМ. Истите овозможуваат ажурирана состојба на вашите податоци со сите промени што ги прават ФЗОМ и Министеството за здравство како и интеракција со информациските подсистеми “Мој термин” и “Плаќање по учинок”. Модули за комуникација/синхронизација со ИС на Фондот за здравство - Синхронизација на лекари - Синхронизација на лекови - Синхронизација на дијагнози Модули за комуникација/синхронизација со ИС на Министерство за Здравство - Синхронизација на здравствени установи - Синхронизација на упати, термини - Закажување на прегледи на други клиники - Комуникација со информацискиот систем за плаќање по учинок
|
|
|