Skip Navigation Links
Skip Navigation LinksДома > Услуги > ИТ Консалтинг

IT КОНСАЛТИНГ
зошто ит консалтинг од уса мак компјутерс ?
Воведувањето квалитетни решенија е повеќе од примена на технологијата за решавање на проблемите. За тоа се потребни експерти со големо техничко знаење и искуство од ИТ индустријата кои ќе ви помогнат да дизајнирате и имплементирате сигурен и безбеден систем кој ќе ги задоволи вашите бизнис потреби.

Нашата компетенција ја базираме на три основи:
1. користиме светски стандардизирана методологија
2. имаме модерни алатки за развој
3. обезбедуваме имплементација од врвни стручњаци во областа на интеграција на системи
Тоа ни помага да ја постигнеме нашата цел да понудиме комплетно решение.

Со методологијата за развој на ИИС преку прашалници и интервјуа се согледуваат корисничките барања и применувајки софистицирани аналитички методи се дефинираат вистинските барања на корисникот. Тоа продуцира квалитетен системски дизајн на понуденото решение што обезбедува Интергален Информациски Систем кој е сигурен и доверлив, надградлив, отворен, транспарентен и скалабилен.
Нашиот тим ќе Ви помогне да ги согледате Вашите барања од друга перспектива, без да се превидат некои на изглед едноставни процеси и да ги избегнете замките кои го намалуваат квалитетот на системското решение.

Предизвици на денешницата
Повеќе од кога било , вашето работење зависи од способноста на IT системот да генерира точни и доверливи информации, кои ќе ви обезбедат приходи , зголемување на продуктивноста, сигурност и одржување на конкурентноста. Софистицираната технологија денес може да биде предизвик, кој ќе ви помогне во тоа да останете во чекор со вашите предизвици. Еден модерен ИТ систем е комплексна мешавина на хардвер и софтвер од повеќе добавувачи , некои скапо платени, а некои со отворен код.
Ние сакаме да им обезбедиме подобри услуги на вашите клиенти и вработените. Меѓутоа, исто така ќе треба тоа да направите со помалку ресурси и средства.
Тоа е каде што нашиот ИТ Консалтинг може да им помогне да направме:
  Детална анализа и планирање на вашето решение за да се обезбеди квалитет од самиот почеток
Дизајнирање и имплементирање на решенија за да се постигнат опипливи резултати
  Интегрирање на различни софтверски компоненти
  Минимизирање на поддршка од надвор
  Максимално користење на ресурсите и перформанси
  Развивање на најсоодветно решение за вашите вработени
  Намалување на ризикот за време на имплементацијата и користењето
  Забрзано враќање на инвестицијата
  Создавање конкурентни предности

Придобивки од нашиот ИТ консалтинг
  Врвна експертиза за дизајн и имплементација на квалитетни на бизнис решенија.
Иновативни решенија кои испорачуваат вистинска вредност.
  Методологии кои ќе обезбедат квалитетно решение во рамките на буџетот.
  Отворени стандарди, интероперабилност и прав спој на технологија и знаење

Методолигии за планирање и имплементација на информациски системи...
  БСП методологија за планирање на информациски системи...
SDM Методологија за развој и управување со реализација на проект...
  Microsoft Solution Framework методологијата за бизнис анализа и менаџмент на проекти...
  Object modeling technique (UML) - објектно ориентиран пристап за анализа, дизајн и развој на решенија...