|
ФИМАКС
решение за јавни царински складишта |
|
Ова решение е наменето за работа на јавни царински складишта. Решението е всушност интеграција на ФИМАКС со софтвер за водење на царински склад. Функцијата на ФИМАКС е прво да се евидентира преимот и ускладиштување на роба во јавни и царински складишта со точна позиција на која се наоѓа. Потоа врз основа на претходно дефиниран ценовник на сите услуги што се вршат во јавниот склад ( врз основа на тежината и деновите на престој ) да се генерира налог за искладиштување и да се изврши фактурирање кон клиентот. Фактурирањето може да биде пеодинечно за секое искладиштување или групно на одреден период во зависност од договор со клиентот. Понатаму процесот на фактурирање се интегрира со автоматско книжење во финансово книговодство. Секако тука се извештаите за следење на состојбата во магацинот по позиции, финансиската сосотојба со клиентот и финансискиот биланс на складиштето. |
|
деловни процеси
|
Управување со јавен царински склад
- евиденција на клиентите, дефинирање на услугите, ценовник на извршените услуги, прием и ускладиштување на роба во складот со одредени координати (позиции), искладиштување од складот по позиции, автоматска калкулација на цената на чинење на услугите, фактурирање на извршените услуги, наплата во готово со фискална сметка, евиденција на извршената наплата, автоматска или рачна распределба на наплатата, извештаи за состојбата во магацинот, анализа на профитабилноста на услугите, анализа на клиентите
|
|