|
ФИМАКС
решение за производство |
|
Ова решение е наменето за мали и средни фирми во чија деловна активност е опфатено производство на различни видови производи.
Тоа е комбинација на решението наменето за трговски фирми кои во себе интегрира и модул за производна дејност. Модулот за производство е уникатен и специјално се изработува во зависност од тоа што се произведува, но генерално е наменет преку него да се следи производниот процес од набавката на суровини, лансирање на работни налози, следење на потрошувачката на суровини преку нормативи за производство, искористување на амбалажата до финализирањето на готов производ.
|
Нашето искуство вградено во решението за производство е земено од досегашната имплементација во текстилната индустрија, кондиторската индустрија и индустријата со производство на технички гасови. Ова искуство ни овозможува на ваше барање да развиеме модул за производство "по ваша мерка". Тим од наши ИТ консултатнти заедно со стручни и компетентни лица од Вашата компанија ќе направат системска анализа на вашите потреби, ќе го дизајнираат производниот модул, ќе го развијат користејќи современи ИТ алатки и ќе го имплементираат во Вашата компанија.
Многу брзо ќе се уверите дека овој модул ќе биде еден од највредните ресурси во вашата компанија. Додека некои функции од вашиот ИТ систем како книговодството, водењето на магацинот или платите малку влијаат на крајниот профит на вашата компанија, информатизацијата на самото производство има многу големо влијание. Затоа овие модули за производство се далеку најисплатливи и овозможуваат најбрзо враќање на вложената инвестиција.
|
деловни процеси на модулот за производство
|
Управување со набавки на суровини
- евиденција на добавувачи, артикли/суровини, водење нарачки, набавка од дома и од увоз, влезна калкулација, слободно или координатно складирање во магацин, управување со залихата ( количински, попис, сериски броеви, серии, баркодови, минимален лагер, резеревирани количини), интеграција со RF терминали и рачни читачи
|
Управување со призводството
- дефинирање на нормативи/составници, изработка на налози за производство, автоматски требовања на суровини, производна калкулација, автоматско задолжување со готови производи, следење на амбалажа, евиденција на производните операци, изработка на сертификат за производство со серии/лотови, печатење на декларации за производите, печатење на баркодови, следење на производствениот процес напред/назад
|