Skip Navigation Links
Skip Navigation LinksДома > Услуги > Интеграција

ИНТЕГРАЦИЈА
 уса мак компјутерс system integrator
За подобрување на вашите перформансите, потпрете се на системите за интеграција,  апликации и ИТ консалтинг услуги на Уса Мак Компјутерс. Нашите талентирани професионалци им помагаат на клиентите да ги дефинираат своите стратегиите и планираат, дизајнираат, развијат и имплементираат системи и процеси, со кои најдобро ќе го трансформираат својот бизнис. Уса Мак Компјутрерс има експертиза во сите аспекти на бизнисот на клиентите и нивната ИТ околина, овозможувајќи ни, не само да не консултирате, туку и да имплементираме решенија кои обединуваат различни платформи.

Долгогодишното искуство на нашите експерти ни овозможува на нашите клиенти да им понудиме хоризонтална и вертикална интеграција поврзувајки различни ИТ системи како на апликациско така и на функционално ниво. При тоа наша цел не е само да се поврзат подсистемите туку да се добие и нова додадена вредност како резултат на нивната интеракција. Во денешниот свет на поврзување улогата на системската интеграција е се поважна: се повеќе и повеќе системи се направени за да можат да се поврзат.

Цели на интеграција

  Интеграција на апликации
Интеграција на податоци
  Интеграција на платформи
Основна цел на интеграцијата е поврзување на различни ИТ подсистеми кои ќе разменуваат заеднички информации, а се со цел поддршка на деловните процеси со интеграција на постоечката околина. Интеграцијата неминовно е поврзана со деловни процеси при што цел е редефинирање на моделите на деловни процеси и класи на податоци и воведување еден универзален систем за управување со деловните процеси.
Генерално, интеграцијата треба да овозможи ефикасна, доверлива и сигурна размена на податоци. Доколку е возможно, прва цел е да се овозможи директна размена на податоци со хоризонтално поврзување на подсистемите. Во спротивно интеграцијата се остварува преку така наречен Систем за размена на податоци (Information Exchange System - IXS) кој дефинира стандарден механизам за размена на податоци меѓу хетерогените подсистеми.
Во основа размената на информации се врши преку современите стандарни типови на информации во форма на XML, SOAP, SOA и WebServices. Таа размена на податоци може да биде
- во вистинско реално време (real-time) или
- во одредени временски интервали.
Во вториот случај интеграцијата се сведува на синхронизација или репликација на податоци, што најчесто се применува доколку се работи за мала до средна количина на податоци со голема фреквенција на размена и мала потреба на трансформација на податоците.
Процесот на интеграција, често пати е поврзан со уште еден процес, а тоа е миграција на податоци. Миграцијата на податоци е всушност процес на трансформација на податоците од еден формат во друг, со цел да бидат разбирливи за другите подсистеми. И овој процес треба да обезбеди сигурност и интегритет на податоците.
Конечно, на било каков начин и на било кое ниво и обем, да се направи интеграцијата, квалитет на интеграцијата е еднаков на квалитетот на податоците што интеграцијата ќе ги обезбеди. Од тука наша примарна цел е во интеграцијата да имплементираме модел за следење на исправноста на податоците, со што ќе ги минимизираме или ако е возможно елиминираме нелогичностите и неточностите во податоците.
На тој начин интеграцијата ќе биде благодет, а не кошмар.