| Нови работни места |
|
Објавено на : 15.06.2013
Отворено до : 15.07.2013
За потребите на нашето деловно работење имаме потреба од вработување на едно лице со високо образование како
MS .NET, MS SQL Server Developer
|
Опис на работното место
Развој и поддршка на ERP решенија развиени на MS .NET платформа и MS SQL Server релациона база
За ова работно место е предвиден шест месечен период на обука за дизајн и развој на нашите решенија. Во текот на овој период ќе се запознаете со технологијата и дизајнот на нашите решенија од различни области. Ќе ја запознаете платформата и технологијата на програмирање која ја користиме. Исто така ќе имате пристап до релационите бази со цел навлегување во деталите на администрација и програмирање на MS SQL Server.
После овој период на обука треба да имате доволно теоретско и практично работно искуство за да бидете дел од тим за развој и поддршка на ERP решенија кај нашите клиенти. Треба да сте способни да се вклучите во процесот на одржување на постоечки апликации на некои наши клиенти, како и развој на нови решенија во соработка со нашиот тим.
Што очекуваме од вас
- тимски соработник кој исто така умее да работи и самостојно
- лесна комуникација со тимот и нашите клиенти
- долгорочна соработка, доверливост кон работата, дисциплина во работата
- желба за учење и сопствена надградба
- резултати
Што нудиме
- знаење
- долгорочна кариера
Доколку мислите дека сте соодветни за ова работно место испратете мотивационо писмо и CV на iskra@usamak.com.mk
Кандидатите кои мислиме дека ги задоволуваат нашите барања ќе бидат повикани на интервју.
|
|
|