Skip Navigation Links
Skip Navigation LinksДома > За нас > Визија


  Визија
      Брзото е ефикасно донесување одлуки се стереотипни изрази во денешната информациска ера. Мудроста на донесување одлуки е поврзана со точната и благовремена информација од соодветен информациски систем. За таков информациски систем е неопходна стандардна платформа која ќе овозможи интеграција во глобални рамки.

     Наша цел е да преку трансфер на знаење и технологија, воспоставиме партнерски односи со корисниците и создадеме сигурна и добро управувана околина во која е овозможен пристап до целокупното човечко знаење.
Уса Мак Компјутерс

     УСА МАК Компјутерс е една од водечките компании во областа на информатиката и компјутерската технологија. Формирана е во почетокот на 1995 год. од луѓе искусни и меѓународно верифицирани на полето на информатиката и компјутерската технологија.

     Уса Мак Компјутерс нуди вистинска комбинација на технологија и човечки ресурси да им помогнат на нашите клиенти да се справат со предизвиците на современиот бизнис. Концептот и визијата на УСА МАК Компјутерс оди и подалеку. Знаејќи ги потребите на своите сегашни и идни корисници, компанијата нуди комплетно решение по пат на планирање, анализа, дизајн и имплементација на интегрални информациски системи.

     Наша стратешка цел е да преку партнерство со водечките ИТ компании во светот понудиме комплетни решенија за да заедно со вас најдобро ги опслижиме сите сегменти од Вашето деловно работење.